Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеРезиденција Дабески е центар со холистички пристап за живеење и грижа на
возрасни лица, чија основна дејност е сместување на возрасни лица, нудејќи им
сеопфатна нега и соодветни услови за живот, резиденцијата важи за сигурен старечки дом, основана во ноември, 2014 година во Скопје.
Резиденција Дабески е комплетно опремена со медицинска опрема и ортопедски помагала во согласност со потребите на корисниците.Сместувањето е во двокреветни соби, опремени со ТВ приемник, кревет, гардеробер и СОС аларм.
Резиденцијата е поделена на два оддела:
одделот за деменција и тешко болни корисници е на едно ниво, со капацитет од 17 корисници.
Како сигурен старечки дом, нивна цел е да обезбедат професионални услуги за нега преку обучен медицински персонал и негуватели, со фокус на унапредување на квалитетот на животот и здравјето на своите корисници.
Секој корисник добива медицинска нега, план за исхрана, физикална терапија, како и учество во социјални активности заедно со групата, кои се секодневно различни врз основа од потребите на корисниците.
Покрај резиденција Дабески, тука е и Дабески Лукс дневниот престој, каде што сместувањето е на дневна основа, временски период во часови по желба и потреба на корисникот.
Дневниот престој подразбира дневна посета од страна на корисникот без ограничување за часовите на престој. Во тек на дневната посета корисникот ги добива сите услуги кои ги нуди установата: медицинска нега, физикална терапија, оброци, лична хигена и социјални активности.
Доколку сакате на вашите блиски да го подобрите квалитетот на животот на вашите сакани, контактирајте ја резиденција Дабески, која се наоѓа во Ракотинци, Скопје.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Стоматолошка oрдинација во Охрид
Булевар Македонски Просветитети 8, 6000 Охрид
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.