Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеРОЗА КАНИНА Ресен се занимава со производство и продажба на чаеви и чајни комбинации од природни, планиски билки, тинктури, како и се медови со хербална инфузија од диви јаболки. Постоиме повеќе од 30 години и на пазарот нудиме лекови од алтернативна медицина.
Работиме по листите за исхрана на доктор Питер Адамо. Тоа се природни законитости, кои не може да се менуваат бидејќи природата одредила која група каква исхрана треба да применува.
Тревките ги собираме сами, најчесто на високите места на Галичица и Пелистер каде се најквалитетни. Бидејќи многу е важно која тревка кога се собира, ние ги собираме кога е сончево и нема роса.
Нудиме широк асортиман на продукти кои се од алтернативна медицина. Нашето седиште е во Ресен, но нашите лекови можат да се најдат во сите градови во државата.
Тоа што нè разликува од другите произведувачи на алтернативна медицина се токму посебните порстории во кои ги чуваме тревките.
Нашите лекови се пригодни за лекување на:
Доколку имате мака и сакате да се лекувате со алтернативна медицина - Роза Канина Ресен Ви стои на располагање.
Почетокот на нашата дејност да се бавиме со алтернативна медицина може да се посочи во моментот кога нашиот основач - Науме Петковски, пред 30 години беше пуштен од градската болница во Скопје и со креатинин 1700 успева да се излечи и одржи со помош на чаеви составени од најразлични тревки.
Први корисници на оваа алтернативна медицина на нашиот основач биле комшиите, блиските, за понатаму да започнат да доаѓаат и од цела Македонија па и пошироко.
Посебно успешно се лекуваат, бубрежните заболувања, кожните заболувања, тешките заболувања најчесто нерешливи за модерната медицина, како што се псоријаза вулгарис, витилиго, импетиго, егземи, еритхемен лупус, бубрежни инсуфициенции и други болести.
На пример, кога зборуваме за лекување на кожни заболувања со алтернативна медицина, еден таков пример е псоријазата. Псоријазата е една од најчестите дерматози чиј процент изнесува 5%. Се смета дека од 3% до 5 % од човештвото боледува од псоријаза. Алтернативната медицина нуди третман на оваа состојба.
Ние сме максимално посветени кон алтернативна медицина, нудејќи квалитетни чаеви, билки и алтернативни лекови, се со цел да им помогнеме на луѓето да ги излечат своите болести.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Физикална терапија и рехабилитација Скопје
Булевар Видое Смилевски-Бато 2, 1000 Скопје
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.