УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Дигитална Агенција ДООЕЛ им овозможува на посетителите и апликантите за работа преку нашата веб-страна да ги користат услугите и содржините во согласност со дадените Услови за користење. Условите за користење важат за сите содржини и услуги на веб-страната https://mojata-aktivnost.mk/. Се смета дека корисниците се запознаени и согласни со Условите за користење на содржината на оваа веб-страна како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој портал само за лична употреба или со согласност на друго лице, на сопствена одговорност.
Компанија: Дигитална Агенција ДООЕЛ
Адреса: Кеј Димитар Влахов бр. 3/3, 1000 Скопје, Р.Северна Македонија
Телефон: +389 72 218 905
Е-пошта: info@digital-agencija.mk
Веб-страна: https://digital-agencija.mk
Почитувани корисници,
Ве молиме внимателно да ги прочитате следните Услови за користење пред користење на нашите услуги. Секоја посета на нашата страна, како и секоја апликација за работа и секое пополнување формулар, значи дека сте ги прочитале овие услови и целосно се согласувате со нив. Ако не сте согласни со нашите Услови за користење, ве молиме не продолжувајте да ја користите веб-страната.
Пристапот и користењето на https://mojata-aktivnost.mk/ e предмет на следните Услови за користење:
Со пристапување на оваа веб-страна, вие сте законски обврзани да ги почитувате овие Услови за користење, сите важечки закони и прописи и се согласувате дека сте одговорни за усогласеноста со сите важечки локални закони. Ако не се согласувате да бидете законски обврзани со овие Услови за користење, ве молиме не продолжувајте да ја користите веб-страната.
Дигитална Агенција ДООЕЛ ги има авторските права (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) на целата содржина на веб-страната и секое неовластено користење на било кој дел од страната без дозвола на сопственикот на авторските права се смета за прекршување на авторските права и е предмет на правна постапка.
Личните податоци што ги внесувате на страната ќе се третираат во согласност со нашата Политика на приватност[EK1] . Не е дозволено испраќање или пренесување до или од оваа веб-страна каков било незаконски, заканувачки, навредлив, клеветнички, порнографски или друг материјал што прекршува било кој закон. Корисникот на веб-страната е одговорен за внесување веродостојни и соодветни податоци кога нѐ контактира или при пополнување на онлајн формите на нашата веб-страна.
Дигитална Агенција ДООЕЛ не гарантира дека услугите од оваа веб-страна се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа страна надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на ваша иницијатива и одговорност во согласност со постоечките закони.
Овие одредби и услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите . Во случај на спорови кои не можат спогодбено да се решат во рок од два месеца, надлежен ќе биде судот на Република Северна Македонија.
Овие Услови за користење се предмет на промена од страна на Дигитална Агенција ДООЕЛ во секое време. Ве молиме проверувајте ги овие Услови за користење од време на време за да забележите било какви промени, бидејќи тие се правно обврзувачки за вас. Некои од одредбите содржани во овие Услови за користење може, исто така, да бидат заменети со одредби или известувања објавени на друго место на нашата страна.
Оградување од одговорност
Дигитална Агенција ДООЕЛ не одговара за било каква загуба или штета, директна или индиректна, при користење на оваа веб-страна.
При секое пренасочување до надворешни веб-страни ја напуштате https://mojata-aktivnost.mk/. Во овој случај, Дигитална Агенција ДООЕЛ не одговара за содржината на какви било надворешни веб-страни. Ако одлучите да пристапите до некоја од веб-страните на трети страни поврзани со оваа страна, тоа го правите на ваш сопствен ризик.
Ако некој посетител на оваа веб-страна сподели лични податоци на друго лице, Дигитална Агенција ДООЕЛ не одговара за незаконска обработка на тие лични податоци. Затоа, проверете дали имате согласност од тоа лице пред да ги споделите неговите/нејзините лични податоци со Дигитална Агенција ДООЕЛ .
Дигитална Агенција ДООЕЛ не одговара во случај на повреда на правата на интелектуална сопственост на корисници или трети лица кои директно или индиректно настанале преку користењето на веб-страната.
Дигитална Агенција ДООЕЛ не одговара за содржината, вистинитоста и точноста на податоците споделени од посетителите на веб-страната и кандидатите за работа. Дигитална Агенција ДООЕЛ ќе биде ослободена од одговорност за надомест за каква било материјална и/или нематеријална штета што може директно или индиректно да биде предизвикана поради употреба на неверодостојни податоци или злоупотреба на податоците од страна на корисниците или од трети лица.
Контакт информации
Компанија: Дигитална Агенција ДООЕЛ
Адреса: Кеј Димитар Влахов бр. 3/3, 1000 Скопје, Р.Северна Македонија
Телефон: +389 72 218 905
Е-пошта: info@digital-agencija.mk
Веб-страна: https://digital-agencija.mk
Политика за приватност
Дигитална Агенција ДООЕЛ чиј портал го користите, https://mojata-aktivnost.mk/ , го почитува правото на приватност на посетителите/корисниците на порталот и другите корисници на нашите услуги и им го гарантира правото да изберат споделување на податоците поврзани со нив.
Оваа Политика на приватност се однесува само на наведената веб-страна и не се однесува на личните податоци што Дигитална Агенција ДООЕЛ ги собира од корисниците на други начини.
Оваа Политика на приватност, исто така, не се однесува на личните податоци собрани од други веб-страни до кои можете да пристапите преку нашата веб-страна.
Личните податоци на нашите корисници се чуваат и обработуваат во согласност со важечките одредби на законите на Република Северна Македонија, како и во согласност со важечките одредби од Општата регулатива за заштита на личните податоци.
Согласност
Со прифаќање на Политиката на приватност, ја давате вашата согласност за собирање и обработка на вашите лични податоци од страна на Дигитална Агенција ДООЕЛ, под условите наведени подолу.
Дефиниции
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
„Субјект на лични податоци“ е физичко лице корисник на услугите на Дигитална Агенција ДООЕЛ чии податоци се предмет на обработка од Дигитална Агенција ДООЕЛ.
„Овластено лице“ е лице вработено или ангажирано во Дигитална Агенција ДООЕЛ кое има овластен пристап до документи и информациска и комуникациска опрема на која се обработуваат личните податоци.
Нашата Политика за приватност ви овозможува да дознаете како ги обработуваме личните податоци на корисниците на нашите услуги, како корисници на веб-страници и апликации, и пред се:
Кој е администратор на вашите лични податоци
Кои податоци ги обработуваме
Колку долго ги обработуваме податоците
Кои се правата на нашите корисници во однос на обработката на личните податоци
Со кого споделуваме податоци
Кој е администратор на Вашите лични податоци
Администратор на вашите лични податоци е компанијата Дигитална Агенција ДООЕЛ, чија веб-страница ја користите.
За сите информации околу обработката на вашите лични податоци и остварувањето на вашите права поврзани со обработката, можете да се обратите на следната адреса:
Контролор на лични податоци
Компанија: Дигитална Агенција ДООЕЛ
Адреса: Кеј Димитар Влахов бр. 3/3, 1000 Скопје, Р.Северна Македонија
Телефон: +389 72 218 905
Е-пошта: info@digital-agencija.mk
Веб-страна: https://digital-agencija.mk
Офицер за заштита на лични податоци
Име и Презиме: Сашо Тренчевски
Емаил: info@digital-agencija.mk
Телефон: +389 72 218 905
Кои Податоци ги обработуваме
Дигитална Агенција ДООЕЛ дополнително, ги обработува податоците за време на вашата претплата на билтенот, личните податоци собрани за време на вашата комуникација со Дигитална Агенција ДООЕЛ, вклучувајќи ги и податоците за активирање на услугите.
Дигитална Агенција ДООЕЛ обработува податоци за да управува со вашата онлајн комуникација со порталот, како и со цел да обезбеди производи и услуги. Конкретно, Дигитална Агенција ДООЕЛ ги обработува вашите лични податоци за следните цели: овозможување испраќање на e-mail пораки на страницата, одговарање на вашите пораки, обезбедување на бараните производи и услуги, во согласност со Законот за заштита на лични податоци и во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците.
Кога ќе ја посетите нашата веб-страна https://mojata-aktivnost.mk/
Кога ја користите нашата веб-страна обично собираме, анализираме и обработуваме податоци поврзани со услугите што вие како посетител на страната ги пребарувате со помош на колачиња и кешови во согласност со нашата Политика за колачиња[EK1] . Добиените податоци ги користиме со цел да ги подобриме нашите услуги и изгледот на нашата веб-страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење на услугите.
Кога ќе нѐ контактирате преку телефон/е-пошта/социјални медиуми
Кога нѐ контактирате преку социјалните медиуми ( Facebook, Instagram and LinkedIn), преку е-пошта за контакт info@digital-agencija.mk или телефон, а во врска со вашите прашања, барања и потреби, може да се побараат следниве информации:
Вашето име
Е-пошта и/или телефонски број
Сите други информации што ќе одберете да ги дадете (на пример, причина за контактирање итн.)
Целта на обработката на наведените податоци преку телефон/ е-пошта/социјални медиуми за комуникација со вас од страна на вработените во Дигитална Агенција ДООЕЛ е да се одговори на вашите прашања и барања.
Кога ќе пополните онлајн форми „Пишете ни“
Доколку користите онлајн форми на веб-страната, Ве замолуваме да ги внесете следните податоци:
Вашето име
Е-пошта
(Било какви други информации што ќе одберете да ги дадете во делот за порака)
Целта на обработката на наведените податоци е комуникација со вас од страна на вработените во Дигитална Агенција ДООЕЛ со цел да одговорат на вашите прашања и/или барања наведени во делот за порака.
Кога аплицирате за работна позиција
Ако изберете да аплицирате за работа во Дигитална Агенција ДООЕЛ, ќе биде побарано да ги внесете следните информации:
Вашето име
Е-пошта / Телефонски број
(Било какви други информации што ќе одберете да ги дадете во делот за порака)
Исто така, ќе треба да ја оставите вашата биографија (CV), од каде ги собираме следниве дополнителни лични информации:
Датум и место на раѓање
Адреса
Државјанство
Образование
Сите други информации наведени во CV-то
Ние ги користиме личните информации што ни ги доставувате со пополнување на онлајн формата за апликација за работа за да одлучиме за вашата соодветност за позицијата за која сте аплицирале.
Други информации што ги собираме
Кога корисниците ја посетуваат веб-страната, Дигитална Агенција ДООЕЛ може да собира информации кои сами по себе не се доволни за да се идентификува одредена личност и се статистички показатели кои се користат за подобрување на квалитетот на веб-страната. Таквите информации може да вклучуваат: име на интернет пребарувач, тип на компјутер, технички информации за врската што корисникот ја користи при посетата на веб-страната како што се оперативен систем и давател на интернет услуги, интернет протокол (IP) адреси кои се доделени од давателот на интернет услуги и се различни за секој корисник, како и други слични информации.
За кој цел За која цел и врз која основа ги обработуваме податоците
Ние преземаме соодветни мерки за да се осигураме дека целата обработката на Вашите личните податоци е во согласност со законите и прописите.
Законската основ за обработка на Вашите лични податоци зависи од целите за кои ги обработуваме Вашите лични податоци.
Ова се правните основи за обработка на вашите лични податоци:
Согласност дадена од Ваша страна
Усогласување со законските обврски
Склучување или извршување на договор
Исполнување на нашите легитимни интереси
За заштита на вашиот интерес
За заштита на јавниот интерес.
Вие може да приговарате на обработката на Вашите лични податоци што се врши врз основа на легитимен интерес со контактирање на Офицерот за заштита на личните податоци.
Онаму каде што сме законски обврзани да добиеме ваша согласност за обработка на вашите лични податоци или посебни категории на лични податоци, ние ќе ја побараме таа согласност од вас во соодветно време. Ако одлучите да не дадете согласност, нема да можеме да извршиме некои од задачите што ни се потребни за да ви обезбедиме одредени услуги.
Колку долго ги обработуваме податоците?
Вашите податоци ќе се обработуваат сè се додека постои легитимен интерес за нивна обработка, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци, имено:
во случај на давање согласност до моментот на повлекување на согласноста за обработка, ограничувања или други дејствија што ја ограничуваат дадената согласност
во случај вашите податоци да се користат за спроведување на договорот
доколку основата за обработка на податоците е наш легитимен интерес, до поднесување приговор или повлекување на согласноста
за даночни и сметководствени цели во обем и рок што е во согласност со други важечки прописи
Имајте предвид дека различни Закони бараат од нас да чуваме различни податоци за различни временски периоди.
Во случај на апликација за работа, вашите лични податоци ги чуваме на следниов начин:
Ако вашата апликација е успешна и ја прифатите работата, ќе ги користиме вашите лични податоци дадени за време на процесот на онлајн апликација за да извршиме проверка пред вработувањето (повеќе детали ќе ви бидат дадени во тој момент) и овие информации, исто така, ќе бидат дел од вашето досие за вработување. Исто така, водиме евиденција за платен список и задолжителните придонеси за пензиско и здравствено осигурување, годишен одмор, боледување, образование (копија од потврди и други документи кои го докажуваат степенот на образование), податоци за претходно вработување, податоци за работно искуство, работна позиција, податоци за приходите според придонеси од плата и плата и број на жиро сметка.
Ако вашата апликација е неуспешна или одлучите да не ја прифатите работата, ќе ги задржиме вашите податоци онолку долго колку што е потребно за целите на обработка на вашата апликација. Вашите податоци ќе ги чуваме во рок од 5 дена од денот на завршувањето на изборот за работната позиција. Со ваша согласност, можеме да ги чуваме вашите податоци подолг период за да Ве контактираме за идни достапни работни позиции кои се соодветни за вас.
Ако сме добиле ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, ние ќе престанеме да ги обработуваме вашите лични податоци кога ќе ја повлечете согласноста со контактирање на Дигитална Агенција ДООЕЛ. Во некои случаи, може да продолжиме со обработка на вашите лични податоци доколку сме законски обврзани или врз основа на нашиот легитимен интерес.
Онаму каде што сме добиле ваша согласност за обработка на вашите лични податоци, тоа ќе го направиме во согласност со нашата Политика на приватност. Ова предвидува дека ќе ги чуваме личните податоци само онолку колку што е потребно и ќе ги прегледаме основите за чување на вашите податоци во случај кога не сме биле контактирани повеќе од 1 година. По истекот на тој период, компанијата ќе побара дополнителна согласност од вас. Онаму каде што не е дадена согласност, компанијата ќе престане да ги обработува вашите лични податоци.
Кои се правата на нашите корисници во однос на обработката на личните податоци
Во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на личните податоци (Регулатива на Европскиот парламент и на Советот (ЕУ) 2016/679 која се применува од 25.05.2018 година), и Законот за заштита на лични податоци, корисникот ги има следните права во однос на обработката на лични податоци од наша страна, вклучително и обработка на лични податоци и од нашите доверливи партнери:
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци вашите права во врска со обработката на личните податоци се:
право да се биде информиран за обработката на личните податоци
право на пристап до лични податоци
право на корекција и бришење лични податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на преносливост на податоци
право на приговор
Овие права не се апсолутни и секое подлежи на одредени исклучоци.
Доколку вашите податоци се обработуваат врз основа на согласност, имате право да ја отповикате претходно дадената согласност. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што била извршена врз основа на согласност пред вашето повлекување.
Со цел да ги остварите вашите горенаведени права, можете да нè контактирате со образложено барање на: info@digital-agencija.mk
Со кого ги споделуваме податоците
Вашите податоци може да бидат префрлени на нашите доверливи партнери кои обработуваат лични податоци во наше име, вклучувајќи ги ИТ провајдерите и маркетинг агенциите, како и другите наши доверливи партнери. Во случај на пренос на податоци, ќе бараме од нашите проверени партнери да ја одржуваат доверливоста и безбедноста на податоците и да спроведат соодветни мерки за да се обезбеди заштита на личните податоци.
Вашите податоци може да се проследат до други деловни субјекти кои се овластени да обработуваат податоци врз основа на важечките закони на Република Северна Македонија.
Врз основа на вашата доброволна согласност за обработка на податоци од страна на Дигитална Агенција ДООЕЛ вие ни ги давате и вашите лични податоци: да ја снимиме вашата историја на прелистување на нашиот портал, за маркетиншки цели (вклучувајќи автоматска анализа на вашите интереси и исклучиво за целите на поставување соодветни рекламни пораки), вклучително и поставување колачиња.
Нашите партнери се регистрирани главно во земјите од Европската економска област (ЕЕА), односно во земји кои го исполнуваат соодветното ниво на заштита на личните податоци. Во врска со преносот на вашите податоци надвор од ЕЕА, партнерите гарантираат дека ќе обезбедат високо ниво на заштита на истите податоци.
Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични податоци
Ако сметате дека начинот на кој Дигитална Агенција ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Линк: https://azlp.mk/
Ажурирање на Политиката на приватност
Дигитална Агенција ДООЕЛ го задржува правото да ја измени или дополни оваа Политика на приватност во секое време со објавување на ажурираната верзија на веб-страната https://mojata-aktivnost.mk/ која ќе биде применлива и валидна од моментот на нејзиното објавување.
Корисникот се согласува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја прегледува Политиката на приватност и дека е свесен за било какви промени.