Зошто да се регистрирате?


Зошто да се регистрирате?

Дали се чувствувате како Вашата фирма да се губи во морето од понуди на пазарот? И покрај Вашите напори и различни инвестиции, сè уште немате доволно клиенти?

Дали сакате да го раширите зборот за Вашите услуги, но не знаете како? Не грижете се! Ние сме тука да Ви помогнеме.

Со регистрирање на порталот mojata- aktivnost.mk Вие ќе станете видливи на интернет, па клиентите брзо ќе Ве пронајдат и лесно ќе можат да Ве контактираат.

Клиентите кои се запознаени со Вашата фирма, Ве бараат по име, на пребарувачите како што се Google, Bing, и други. Само го внесуваат името на Вашата компанија и веднаш ве наоѓаат.

За разлика од овие клиенти, луѓето кои сè уште не ја знаат Вашата компанија, а имаат потреба од производите или услугите кои ги нудите, само ги пребаруваат потребните производи или услуги. На тој начин добиваат низа од различни компании кои ги нудат соодветните производи/услуги. Затоа е важно Вашата фирма да биде видлива. Оваа ставка станува клучна за секој бизнис, бидејќи повеќето од пребарувањата се преку производите или услугите што ги бара клиентот.

Регистрацијата на порталот mojata-aktivnost.mk е инвестиција во успехот на Вашиот бизнис. На овој начин Вие имате можност да се доближите до луѓето кои сè уште не ве познаваат.

Предности на порталот mojata-aktivnost.mk

1. Интернет корисниците брзо ќе Ве најдат, дури и да немате сопствена веб-страница. Со користење на содржина специјално дизајнирана и прилагодена за Вашиот бизнис, ќе се погрижиме да Ве најдат дури и оние кои никогаш не слушнале за Вас.

Во случај Вашата компанија да нема веб-страница, Вашата објава на Мојата Активност може да служи како мини-веб страница со сите Ваши податоци, контакти, како и дополнителни содржини (слики, работно време исл.).

2. Трајно објавување на порталот. По регистрирањето на mojata-aktivnost.mk, Вашата компанија ќе остане таму онолку колку што сакате Вие.

3. Ова е најдобриот комбиниран рекламен пакет - печатен и онлајн. Вашата компанија ќе биде објавена во печатеното издание на деловниот именик на Мојата Активност. Овој деловен именик се печати во илјадници примероци и се дистрибуира низ територијата на цела Северна Македонија.

4. Последователно можете сами да го уредувате огласот на Вашата компанија.

Главната предност на порталот  mojata-aktivnost.mk е тоа што можете сами да го уредувате профилот на Вашата компанија, да менувате контакти за Вашата компанија, да додавате слики и слично.

Што претставува регистрацијата?

Можете да се регистрирате на нашиот портал преку телефон. Доколку ја немате добиено нашата покана, а сакате да се регистрирате, можете да нè контактирате на телефонскиот број или да ни испратите барање преку е-пошта, а ние ќе Ве контактираме во најкус можен рок.

Ние ќе се погрижиме за сè останато! Дигитал Агенција ДООЕЛ ќе се погрижи да бидете видливи на веб-страницата со содржина специјално прилагодена за порталот на Мојата Активност.

Во текот на целиот процес, ние ќе бидеме во блиска соработка со Вас, бидејќи сакаме позитивна соработка која носи заемно задоволство и го гарантира Вашиот успех. 

Придружете ни се денес и станете видливи!


Додадете ја вашата компанија

За нас

Истакнете ја вашата компанија!

Дали сметате дека и покрај Вашиот труд и добрата репутација, сепак недоволно луѓе знаат за Вашата компанија? Истакнете се од конкуренцијата и зголемете ја видливоста на Вашата компанија, а со тоа привлечете и голем број на нови клиенти. Ова можете да го сторите многу лесно, со пријавување на порталот на Мојата активност.

 

Истакнете го вашиот бизнис
Istakni svoju kompaniju