Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеАЛПИНА-ДЕЈ ДОО се занимава со производство на овчо сирење, овчи кашкавал и урда. Нашата дејност ја зпочнавме во 2000 година во Пробиштип и денес се сметаме за едни од најдобрите произведувачи на квалитетно сирење и кашкавал. Горди сме на тоа што сите овие години успеваме да го задржиме нашиот вкус.
Нашето повеќегодишно искуство за традиционлано производство на квалитетно сирење, кашкавал и урда од овчо млеко, го заокруживме со изградба на современ деловен објект кој ги следи сите стандарди.
Лоциран на просторот опкружен со бројни цветни пасишта, распространети на јужните ограноци на Осоговските планини, нуди одлични можности за навремен и безбеден откуп на овчо млеко.
Тајната на нашиот вкус е вековното искуство и традиционалната умешност на старите мајстори кои ги чувале тајните за изработка на квалитетно сирење, кашкавал и урда како нешто свето.
Нашата дејност ја работат луѓе не само со огромна експертиза, туку и луѓе кои внесуваат љубов во сè што прават. Посветеноста кон секое парче кашкавал или сирење, обрнувањето на внимание кон секој детаљ во производствениот процес е токму тоа што ни дозволува да кажеме дека правиме исклучително квалитетно сирење, кашкавал и урда.
Веќе две децении како претставуваме поим за квалитетно сирење и кашкавал. Ова не го велиме само така, туку навистина, нашето производство ги следи сите европски и светски стандарди, а и експертите за сирење и кашкавал, како и потрошувачите, се согласуваат дека нашите продукти се од највисок квалитет.
Континуирано се стремиме кон највисок квалитет. Задоволството на муштериите е нашиот најголем приоритет. Во текот на годините на нашето работење изградивме репутација, репутација која не беше лесно да се стекне, па сега задача ни е да ја задржиме.
Македонија е полна со компании кои прават сирење и кашкавал, но ние преку нашиот уникатен вкус и квалитет успеавме да се диференцираме од големата конкуренција.
Пред сè, сакаме да ги наполниме рафтовите на супер маркетите со квалитетно сирење и кашкавал, а со тоа и да претставуваме своевидни претставници на Пробиштип.
Цел ни е да се прошириме низ цела Европа и да го оддржиме нашиот квалитет со децении и децении.
Имаме многу амбиции за иднината, но никогаш нема да се тргнеме од главната мисла водилка, а тоа е: производство на квалитетен кашкавал и сирење.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Опрема за пчеларство, Скопје
Булевар Партизански одреди 106, 1000 Скопје
Најквалитетна изработка на мебел по мерка Куманово
Улица Христијан Тодоровски Карпош 18, 1300 Куманово
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.