Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеФакултетот за земјоделски науки и храна е формиран на 16.12.1947 година и е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во однос на капацитетите со кадар и опрема, Факултетот е врвна институција од областа на земјоделството и храната.
Потребите за храна и земјоделски култури за
индустриски преработки, и во поново време за биогориво, секојдневно се
зголемуваат. Денес, земјоделството се базира на современа технологија со
примена на нови методи и техники. Истовремено, глобален приоритет е одржливото
искористување на природните ресурси и заштитата на животната средина.
Согласно овие процеси, императив на Факултетот за
земјоделски науки и храна е да оформува
академски профил, кој со голема стручност ќе биде оспособен да одговори на
барањата во современото земјоделско производство.
Додипломските студии на сите насоки се изведуваат
во 8 семестри. Првите три семестри се исти за сите профили со што се овозможува
целосна интерна мобилност. Во четвртиот семестар 60% од предметите се насочени,
а во натамошните семестри програмата е насочена според потребите на насоката.
Факултетот за земјоделски науки и храна се стреми
да направи врвен и стручен кадар кој ќе има големо познавање и ќе биде
конкурентно на пазарот на трудот.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Помошни услуги во образование - Куманово
Улица Народна револуција , 1300 Куманово
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.