За компанијата
Црвен Крст Скопје е хуманитарна организација која во Македонија почнува да работи од 1945 година. Црвен Крст Скопје се занимава со повеќе видови на активности кои имаат за цел да го заштитат здравјето на сите луѓе, да го намалат и спречат непотребното човечко страдање и да помогнат на секој да може да ја унапреди својата социјална состојба и да обезбеди достоинствено живеење кое секој поединец го заслужува.
Црвен Крст Скопје
Црвен Крст Скопје се состои од волонтери- луѓе кои се грижат за својата заедница и сакаат да допринесат за подобрување на истата.
Црвен Крст Скопје организира многу активности: крво-дарителски настани, доделување на донации за социјално нај ранливите, информативни настани со цел едукација на населението, креирање на заедници за млади и активности за млади, укажување на помош на луѓе со посебни потреби и уште многу други активности од сличен карактер.
Да се биде дел од Црвен Крст подразбира активно да се придонесува за подобро утре и да се укаже помош која е секогаш потребна во едно општество.
Црвен Крст Скопје исто така оперира со повеќе дневни центри, центри за стари и изнемоштени лица, центри за деца со интелектуална попреченост, пункт за бездомници, центар за дневно дарување на крв како и организација на многу други видови на начини за укажување на помош.
Сите оние кои сакаат да научат повеќе и да се информираат за целокупниот склоп на активности кои Црвен Крст Скопје ги спроведува, обратете се на некој од нашите телефонски броеви и посетете ја нашата веб страна каде ќе најдете многу повеќе за нашите активности.
А за оние кои се заинтерсирани да се приклучат на нашата кауза, ги ургираме да ни се придружат што поскоро и заедно да направиме промена.
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.