Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеДАНИВО ДООЕЛ практично претставува поим за вкусен ориз. постои од 2000 година. Се занимава со производство и преработка на ориз и други житарици, како и со репроцесија и производство на семенски материјали. ДАНИВО обработува 123 хектари државно земјиште, коешто е добиено под концесија, во согласност со договорот за користење за период од 30 години.
ДАНИВО ДООЕЛ произведува ориз на површина од 70 хектари и е една од најголемите производители на оризова арпа во Македонија. Просечното годишно производство на оризова арпа изнесува околу 700.000 килограми, од кои добиваме 350.000 килограми бел вкусен ориз.
Покрај сопственото производство ДАНИВО ДООЕЛ годишно откупува околу 6.000.000 килограми оризова арпа од индивудалните производители и ја преработува во својата фабрика лоцирана во Горни Подлог, близу Кочани. Капацитетот на фабриката во Горни Подлог е преработка на 1.200.000 килограми оризова арпа месечно и во неа работат добро обучени, професионални работници.
Од самата обработка на земјиштето, до производството на ориз ДАНИВО води посебна грижа за заштитата од загадување, што претставува еден од основните услови за добивање еколошки здрави производи.
ДАНИВО поседува модерна земјоделска механизација за обработка на земјиштето и магацински простор за складирање на оризовата арпа и белиот ориз. Исто така, имаме возен парк за дистрибуција на готовите производи.
Од самата обработка на земјиштетото, до производството на вкусен ориз, ДАНИВО ДООЕЛ води посебна грижа за заштитата од загадување, што претставува еден од основните услови за добивање еколошки здрави производи. ДАНИВО ДООЕЛ ги следи сите светски стандарди за квалитет.
ДАНИВО годишно дистрибуира околу 1.200.000 килограми бел ориз на домашен пазар и околу 3.000.000 килограми бел ориз на странските пазари. Компанијата е препознатлива на пазарите во Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Турција, Унгарија, Полска, Романија.
ДАНИВО ДООЕЛ секогаш на прво место го става квалитетот на својот вкусен ориз. Не прави никакви компромиси кога е во прашање производството на вкусен ориз.
ДАНИВО ДООЕЛ соработува со повеќе од 400 кооперанти од кочанскиот крај и со индивидуални земјоделци производители на ориз од Виница, Блатец, Велес и Неготино.
Покрај откупот, оваа фрима го извршува и превозот на оризовата арпа на индивидуалните земјоделци од нивните складишта до фабриката за ориз во Горни Подлог.
ДАНИВО ДООЕЛ е една од поуспешните и пореномираните фирми од Македонија. Преку континуирана посветеност на квалитет и висока професионалност, не е ни чудо што оваа компанија практично е поим за вкусен ориз.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Украси и накит за благосостојба Кочани
ГЛИГОР АПОСТОЛОВ-ГОЧО бр.11, 2300 Кочани
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.