Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеВи посакуваме добредојде во Хантерс Лајф дом за нега на стари лица. Почетоците на домот се од 2018 година кога за прв пат започнува со работа. Домот обезбедува безбедност и топлина за сите стари лица кои имаат потреба од грижа и нега во златното доба од живото.
Домот е оддалешен околу 25 километри од центарот на Скопје во Катланово и се простира на 7.5 хектари пошумена област.
ХАНТЕРС ЛАЈФ дом за нега има за цел да обезбеди на старите лица удобен и достоинствен живот со соодветни услови за престој, каде што ќе можат да се дружат и социјализираат во пријатна и релаксирачка атмосфера.На жителите им се посветува соодветната нега и здравствена грижа која знаеме дека е од клучно значење за нивната благосостојба.
Поседуваме значително искуство во работата со стари лица и сме подготвени да ги задоволиме потребите на нашите станари со највисоките стандарди. Нашата модерна кујна ги следи HACCAP стандардите и секој ден припрема по 3 оброци со висока нутритивна вредност направена според вкусот на жителите.
Домот располага со пространа површина, голем двор и заеднички простор за социјализација, вкупниот капацитет на жители брои 120.
За редот и беспрекорното работење на домот се грижат нашиот тим на медицински сестри, социјален работник, хигиеничари и техничка служба а се разбира работниците во кујната и готвачите.
Во ХАНТЕРС ЛАЈФ, секој ден се посветуваме на создавање на безбедно, удобно и мирно опкружување за нашите жители. Нашата цел е да им овозможиме на постарите лица квалитетен живот, исполнет со спокој, активности и дружба според нивните индивидуални потреби. Со тим на високо квалификувани медицински персонал, обезбедуваме различни услуги кои го поддржуваат физичката, емоционалната и социјалната благосостојба на секој жител.
ХАНТЕРС ЛАЈФ е и дом за нега на духот, создаваме пријатни и смирени услови за живот, со просторни соби и современа опрема. Понудата на активности и програми е наменета да го одржи духот активен, а нашите жители можат да уживаат во различни заеднички активности.
Ние ја разбираме важноста на личната грижа, па затоа секој жител добива персонализиран план за нега, во тесна соработка со нивните семејства. Без разлика дали им е потребна краткорочна рехабилитација или долгорочна грижа, ние сме тука за да ги поддржиме во секој чекор.
Јaвете се на телефонскиот број за да стапите во контакт со ХАНТЕРС ЛАЈФ кој ќе овозможи соодветна грижа и нега за старите лица. Можете и да не посетите на нашата веб страна каде ќе дознаете повеќе за услугите кои се достапни.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Спасување на населението Крива Паланка
с.Ранковце бб, 1316 Крива Паланка
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.