Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеДом за стари лица Хантерс лајф е старски дом основан во 2018 година кој ќе се погрижи здравјето, безбедноста и животот на старите лица да останат во добра состојба и да го претворат „златното“ доба во еден од подобрите периоди од животот.
Старкиот дом е со оддалеченост од 25 километи од центарот на Скопје на површина од 7.5 хектари која е пошумена во месноста Катланово.
ХАНТЕРС ЛАЈФ има за цел да им овозможи на старите лица достоинствен престој и соодветни услови за живот каде старите лица ќе можат да се социјализираат и дружат безгрижно и во убава атмосфера. Здрајвето кај оваа категорија граѓани е многу важна а старскиот дом ХАНТЕРС ЛАЈФ во Скопје им овозможува соодветна грижа и нега оkолу здравствените потреби на станарите.
Поседуваме големо искуство во дејноста и сме подготвени да им помогнеме соодветно.
Располагаме со модерна кујна која ги запазува сите HACCAP стандарди и прави храна со висока нутритивна вредност по вкус на станарите. Секој ден се прават 3 главни оброци.
Домот се простира на голема површина со голем двор и заеднички простор а вкупниот капацитет на домот е 120 места.
Вработени лица кои се грижат да биде се во најдобар ред вклучуваат медицински сестри и негуватели, лица за технишко одржување на домот, хигиеничари, социјален работник и кувар.
Во старски дом ХАНТЕРС ЛАЈФ посветени сме на обезбедување на грижа во топло и пријатно опкружување. Нашата мисија е да осигураме дека секој жител се чувствува почитувано, вреднувано и како дома, додека добива персонализирана грижа каква што ја заслужува. Со тим на искусни и посветени професионалци, нудиме низа услуги прилагодени на уникатните потреби на нашите жители, од помош при секојдневните активности до специјализирана медицинска грижа.
Разбираме дека изборот на старски дом за вашите сакани е важна одлука. ХАНТЕРС ЛАЈФ го става својот приоритет врз удобноста, безбедноста и квалитетот на животот во сите аспекти на своето функционирање.
Во ХАНТЕРС ЛАЈФ веруваме дека секој жител заслужува да ги живее своите златни години со достоинство и мир. Посетете не денес и видете како можеме да бидеме дел од патувањето за грижа на вашето семејство. Заедно, ќе ги направиме идните моменти значањи и исполнети со спокој и радост.
Стапете во контакт со Старски Дом ХАНТЕРС ЛАЈФ во Скопје за да дознает еповеќе информации околу капацитетот на домот и повеќе за можностите кои ги нуди истиот.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.